Занемев од твоите лажни насмевки, слични на Јуда
Израснав во бор втренчен во празни месечеви сеќавања
Тело-душа сум споделено со отсутноста
Тајна невина на вљубена жена врежена на твојата снага
Ох, убавино! небото е проѕирно од твоите две црни ѕвезди
Гордо ја креваш твојата понизност да придонесеш искушение
Собитие ми е срцево, ми се насмевнуваш ко сновидение,
Срцевино! небото е разгорено од твоите два црвени лика
Ледено млеко трепери низ нивната крв, силно блика
Никогаш нема нема да ја заборавам твојата топлина
Занесевино! небото е огреано од твојата црвена птица
Слободно чекориш низ пролетта на мојата слепа улица
Заврти се! Истргни ме од канџите на пеколот и дај ми сон
Додека спијам во бессоните ноќи љубовта да ја сокријам
Дај да останеме заедно вечно вљубени во соништата наши
Вечно изгубени во голотијата , возобновени во полнотијата
Никогаш да не изгасне нашиот пламен, да не биде никогаш скамен!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.