Твоите очи ја добиваат мојата боја
Но немаат право на обединување
Твојата коса се прекрила со мојата насмевка
Расте кон непознати еха кои се распрсуваат во просторот,
Твојата рака се обраснала со моите допири
Нашите раце се осудени на допир,
Твоите трепки треперат на мојот чекор
Нашите чекори се осудени да се пресретнат.
Твоите прсти се лизгаат по меридијаните на моето тело
Се сретнуваме во сите светови познати на страста
Заедно сонуваме во златен етер,
И ѕвезди сонувалки паѓаат на нашите тела
Додека се сретнуваме под ова добронамерно сонце
Се прашувам која ли судба ќе ја донесеме во нашиве раце?
Наша или туѓа, онаа која никому не припаѓа?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.