Не сметај, поете, на шумната слава.
Пофалбите пламни ќе минат за час;
Џганот ќе се сити, глупак суд ќе дава,
Но остани стамен, не растурај страст.
Ти цар си: живеј сам. Со крената глава
Продолжи по патот на слободен глас;
За подвигот честит што ти виши раст
Не ѝ треба орден на твојата става.
Во тебе е сé. Сам си врвен суд
Од сите си построг спрема твојот труд
Во кој беспоштедно целиот се внесе.
Не ти може ништо толпата без срам
Што ти плука в олтар од кој свети плам
И детски палаво тронот ти го тресе.
Препев: Петар Т. Бошковски
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.