Го погледнав еднаш твојот израз во оглeдалото
Таму беше всушност скриен мојот одраз
Тоа беа навистина два одблесоци
Кои никогаш не го пронашле својот отсјај.
Никогаш веќе нема да погледнувам во огледала
Ниту да се одразувам како Нарцис кој маѓепсан од својот лик
Барал заблуди нестварни
Кои ни во сништа не се одразуваат
Кои бараат спас во фиктивни нарави
И скришно сами се оплакуваат.
Никогаш веќе нема да одам
По патиштата на неповратот
Оние фиктивните
Целно – заборавачките, кои не те пронаѓаат.
А , беше толку блиску….
Но, само во одразот на моето огледало.
Во оној во кој и Нарцис се заљубил.
Се прашувам, дали беше навистина Ти?
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.