Помен

Денес кога службата славеше панихида

И кога зборот беше претворен во помен

Никој не беше тука да го проговори

Твојот спомен.

Само трепереше жолтиот восочен прелив

За да го слушнам твојот дух ненаметлив

И црвени капки се лелееa врз пресната пченица

За да се слави твојата Деница.

Ѕвезда си светкава на повидок

И зрачиш наутро без да кажеш збор

Твојата светлина светка во бескрај

За да се соедини со сонлив рај.

Никој не знае кога ќе станам ѕвезда

За да пуштам небесна светлина

И можеби ќе се приближат Јупитер и Венера

За да ја видиме повторно заедно новата Деница.

Кога ќе падне утринската ѕвезда

Ќе го заблеска целиот свет

Ќе ја победи темнината

Ќе ја наговести светлината.

Онаа во која ти зрачиш

И со која секое утро ми шепотиш.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!