Ех… да можев, корупката да ја сменам
Денес да беше, вчера
Додека вчера размислувам за утрешнината
Ех… да можев, да одлетам кон иднината
Учејќи од паралелата, јавето да го обликувам
Да си кажев на себе си, ,,Ех… да можев’’
Но денес, не е вчера, ниту пак утре е денес
Плаќам со ашик за крајот на денот
Дур срцето противречи, а умот се радува
Умот ајмана стана
Ајмана и ќе остане
Ех… да можев, да го сменам
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.