Трубадури се композитори и изведувачи кои интерпетирале поеми предводени од музика и танц. Се појавуваат во средниот век, област Аквитанија/Франција во 11 век. Притоа ширејќи се околу целиот европски дел. Додека околу 14 век одеднаш згаснуваат, со појавата на Куга (црна смрт). Основните теми застапени во нивните поеми се витештвото и дворјанската љубов.
Поемите (песни) се делат на три видови: trobar leu (лесен), trobar ric (богат), и trobar clus (затворен). Името ,,трубадур,, потекнува од старолатински, старогрчки и провансилски збор ,,trobar,, ,,trubare,, ,,tropare,, кој во превод би значел: начин, движење, дејствување па дури и пеење. Според историските податоци за тој краток временски период се појавуваат околу 450 трубадури, кои воглавно патувале и ширум Европа ги изведувале своите поеми.
Но добар дел од нив се преселувале од еден царски двор кон друг каде биле дел од вечерните кралски забави. Еден од нив е и Пеир Видал (1175-1205) кој потекнува од Окситанската област (во близина на денешно Монако).
Притоа решив да ви претставам една од неговите многубројни поеми:
Ја чувствував, толку долго, па
Горчливо, и таа позната болка,
Но сега чувствувам повторно среќа,
Повеќе од крап или врабец,
За мојата дама, кажи ми
Дали повторно ќе ме земе,
Уште еднаш, како нејзин љубеник.
Ах! колку е сладок часот
Кога таа владееше по волја
Можеби сѐ уште се надевам.
Нека бог ме извини
Но мојата радост не можам да ја вратам
Во случај да избрзам уште еднаш
До тој затвор јас одам
Каде ме оддржува нејзината убавина
Тука е сета учтивост
Тука е радосно и слатко
Затоа повторувам
Без земјени богатства
треба ли да го донесам нејзиното задоволство.
Колку е големо моето задоволство
Кога го гледам нејзиното лице
Доаѓам за да го дознаам местото
А нејзините очи исполнети со љубов се
Дур јас сплеткан, победувам
Освоен и разоткриен
Не можам да го оттргнам погледот
Ниту пак од нејзиниот, залутан
И кога ќе ја погледнам
Сѐ е радост за мене.
Дамо, од горниот бог
Јас сум твој целосно
Спремен и смирен
Допушти ми ја твојата љубов
Твојте милост и сожалување
Твојте молитви и лојалност
И направи си чест
Оти, ме оптеретува стравот
Дека не ја заслужувам
Онаа која ја посакувам
И моето срце безобразно
Кон оној кој е зол
Која ме праќа кон ѓаволот
Таа, со својот гроф Руфус
Таа е сета волк
Сега, љубовница на грофот е
Нејзиниот император е на пат
Пеејќи за најзината цена
Низ сиот свет исто така:
Но лажговците никој пат не говорат вистина
Господе спаси ја Маркиз
Неговата сакана сестра, спаси ја
Нејзината лојална љубов и храброст
Ме освојува повторно
Ќерка на кралот, било да е така
Лажната љубов избледе
Денес сум подобар
Кој ја знае мојата вредност, кој
Правејќи и кажувајќи ги нештата слатки и вистинити.
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.