Skip to content

Бисера – Константин Миладинов

Споделуваме македонска поезија! Ја започнуваме оваа седмица и ја споделуваме една од најубавите македонски песни „Бисера“ од Константин Миладинов.

Бисеро моме, Бисеро,

Шчо носиш бисер на грло?

Твоето грло хубаво

И од дробнаго бисера

Хилјада п’ти побело.


Бисеро моме, Бисеро,

Зашчо со бисер покриваш

Твоето грло хубаво?

Ја нејќу бисер да баца

Тук сака твоето грло.—


Бисеро моме, Бисеро,

За кого низиш бисер?

За кого готвиш дарој?

Ја дарој бисер не сака

Тук сака мома Бисера.

Напишете коментар