Радован Павловски е роден во 1937 година во Ниш, а почина на 22 февруари 2022 година. Студирал право и литература во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), па во Белград, Србија (1982-1985), а од 1985, живеел и творел во Скопје. Пишуваше поезија, есеи и патеписи, а преведуван е на многу јазици. Напишал многу збирки поезија од кои попознати се: „Суша, свадба и селидби“, „Корабија“, „Високо пладне“, „Боемија на Природата“, „Зрна“, „Молњи“ и „Клучеви“ (трилогија) и др.
Денес ви ги пренесуваме стиховите од песната „Зрно“.
Зрно
Во мене живее житието на народот
А со мене
И судбини по светот се пребројуваат
Да не ми остане семето во темнина
Земјата да не ми огрубее, овенее
И низ камен отварам пат
Породот кон сонце го водам
Во невреме јас знам химна да запеам
Потоа кон ѕвездите да се оддалечам
и да бидам вечна светлина
Над шари од жита и народи.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.