Библиотеката со име Клементинум, извонреден пример за барокна архитектура првпат била отворена во 1722 година како дел од језуитскиот универзитет и е дом на повеќе од 20 илјади книги. Читателите на „Борд панда“ ја избрале оваа библиотека за најубава и највеличествена во светот!
Таванските фрески во оваа библиотека во Прага (Чешка Република) биле насликани од Јан Хибл. Во 1781 година, директорот Карел Рафаел Унгар ја основал „Библиотека Националис“ – збирка на литература на чешки јазик. Ретите историски книги од оваа колекција се испратени на „Гугл“ за скенирање и на крајот ќе бидат достапни на „Гугл букс“.
Како што оваа библиотека во Прага е ретка и ретко-познато богатсво исто така со неа се поврзани и неколку помалку познати факти: библиотеката „Клементинум“ некогаш бил третиот најголем језуитски универзитет во светот, во 1775 од таму почнало да се мери локалното време и продолжило и понатаму, и прикажана е во роман од познатиот шпански писател Хорхе Луис Борхес.
Повеќе детали овде.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.