Те видов в твојот свадбен ден –
ти беше ликот поруменет!
Ко божем среќата ти беше в плен
а твојата љубов – сиот свет:
Во твојот поглед чист и благ,
(штогоде тоа можеше да е)
ја видов, иако преполн јад,
љубовта, како среќна сјае.
Тој румен лик сал момин срам
ли беше? Кога цути тој?
Но, чинам оганот се роди в плам
од срцето на оној страдник, кој
те виде в твојот свадбен ден,
со свенлив лик, поруменет!
Ко божем среќата ти беше в плен
а твоја љубов – сиот свет.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.