Читање, слушање и гледање вознемирувачки вести за Корона вирусот може да предизвика чувство на вознемиреност, загриженост, лутина па дури и паника и стрес. Во време кога светот се соочува со пандемија количината на таквите чувства е зголемена па се поставува прашањето – како да се избегне стресот предизвикан од вестите кои нè заплашуваат, а истовремено да се остане информиран?
Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со епидемија од лажни вести. Со оглед на движењето на луѓето во денешно време, и колку вирусот е „просторно близок“ е дискутабилно. Секогаш ќе има луѓе што ќе веруваат во тоа што ќе го прочитаат и оние кои ќе се сомневаат.
Вирусите се шират брзо исто како и вестите за нив
Кој е во право? Вирусите подеднакво се шират како и вестите за нив, и можат да бидат подеднакво штетни! Затоа советуваме за внимателност – внимавајте со какви вести доаѓате во контакт, како и во кои ситуации можете да дојдете во контакт со вирусот – нагласува Маја Вучковиќ – психотерапевт и тренер за личен раст и развој.
Таа истакнува дека не станува збор само за различни емоционални реакции што вестите можат да ги предизвикаа, туку и интензитетот на тие реакции е различен. Постои онаа изрека „Сит и гладен поинаку гледаат на парчето леб“, па така и нашата перцепција. Доживувањето на различни вести зависи од индивидуалните особини, како што се годините, информираноста и знаењето, потоа степенот на невротицизам, т.е. колку сме емоционално стабилни.
Исто така дали припаѓаме во некоја од загрозените категории, како и од географските, социјалните и културолошките услови. Колку повеќе се препознаваме во она што го слушаме, толку и реакцијата ќе биде подраматична. Нашата професија помеѓу другото подразбира и умерена реакција и критички пристап спрема вестите, така ги учиме и нашите клиенти – објаснува Вучковиќ.
Клучна е реакцијата
Секако дека таквите вести можат да бидат причинител за стрес, но прашањето е како ќе реагираме пред сè дали нашата реакција ќе биде функционална и конструктивна.
– Стресот може да биде акутен – да настане изненадувачки и одеднаш, може да биде хроничен – постепено да настанува и да се одржува во подолг период. Денеска луѓето повеќе или помалку во состојба на некој хроничен стрес кој само се надополнува и интензивира со некоја актуелна ситуација – како што е оваа сега со вирусот. Нашето тело и нашиот ментален апарат имаат способност да компензираат стресни реакции до одредена мера, но кога интензитетот и траењето на стресот ги надминува нашите капацитети за телесните процеси да ги држиме во состојба на рамнотежа, тоа го компромитира нашиот имун систем и преку низа на различни механизми доведува до појава на психосоматски болести.
Паничен напад – како се манифестира?
За тие да настапат потребно е различно време – истакнува психотерапевтот. Нагласува дека пред тоа постојат и низа симптоми и знаци, сигнални ламбички кои се палат, а ние сме склони да ги игнорираме. Воглавно кога ќе забележиме некој проблем настанатите промени се трајни и непоправливи. Паничниот напад е еден драматичен израз дека нешто се случува и него не го игнорираме. Затоа што не прави нефункционални. Но, под него можат да се кријат други проблеми.
Кога ќе се јават телесни реакции како срцебиење, потење, чувство на губење здив, страв дека ќе се задушиме, дека ќе добиеме инфаркт, дека ќе се освестиме – тогаш ги сфаќаме сериозно. Самиот паничен напад е само надворешна манифестација која има различни причинители.
Како да се избегне стресот, а да се остане информиран?
Според зборовите на психотерапевтот, треба да се биде селективен во тоа што го слушаме и од кого, односно располагањето со точни информации и доверливи и признати извори, и критички пристап кон сите тие информации.
Ќе го избегнеме стресот ако не следиме што се случува, но ќе останеме информирани. Ако користиме релевантни извори ќе бидеме добро информирани, но тоа не гарантира дека нема да имаме бурна емотивна реакција. Како лекар и психотерапевт, секогаш сум за тоа дека треба пореално да се согледува ситуацијата, да се процени колку самите сме погодени во тој случај низ сите претпазливи мерки – да се остане во реален оптимизам, јасно истакнува Вучковиќ. Тоа не значи дека не би требало да се биде несериозен кога е во прашање оваа тема, туку да се преземат разумни мерки на претпазливост врз основа на релативни информации.
Што конкретно треба да правиме?
Кога е во прашање корона вирусот стресот не можеме да го исклучиме од нашиот живот, но најдобро е да научиме како да управуваме со него.
Како психотерапевти, своите клиенти ги учиме на различни техники и стратегии како да станат психолошки отпорни на стресот. Тоа се стратегии од тоа како да се промени својот начин на размислување, усвојување техники на поефективни комуникации преку техники на длабоки мускулни релаксации до психотерапевтска работа со која се учат способности за емоционална регулација и се постигнува најдлабока и најефикасна контрола на стресот, односно нашата реакција на стрес. Денеска навистина постои голем дијапазон на техники и начини за контрола на стрес, често и со примена на технологијата – истакнува др. Вучковиќ.
Стресот како тивок убиец на 21 век
Неретко се вели дека стресот е тивок убиец на 21 век, меѓутоа многу веруваат дека ќе се навикнат на стресна ситуација и продолжуваат со нормално живеење или дека стресот ќе помина сам од себе.
За жал, и мајка домаќинка, дете на училиште, партнер во врска и спортисти на терен доживуваат стрес. Навикнување на стресот е веќе негово игнорирање. Често клиентите му велат на психотерапевтот: „Да, тоа е лошо, но јас не реагирам, добро се носам со тоа!“. Тоа често значи дека има голем капацитет да управува со стресот, дека манифестациите на стрес уште не се појавиле или едноставно не ги забележува. Умееме да се лажеме себеси и тоа некогаш да ни се удри по глава. Затоа научете да го препознавате стресот, а потоа и како да се носите со него. Секако доколку не сте успеале да го избегнете! – нагласува психотерапевтот.
Верувам дека доста можеме да влијаеме на степенот на стрес. Да водиме сметка каде престојуваме, со кого се дружиме, со кого јадеме, што гледаме, слушаме, читаме, каков воздух дишеме, па ќе се исклучиме од стресните високонапонски мрежи. Не е залуден концептот на едноставниот селски живот што е сè попопуларен, заклучува Вучковиќ.
Што сè страда од паника и стрес?
Од благи реакции, нервоза преку нарушување на концентрацијата, спиењето, бурни емотивни реакции, до психосоматски болести за кои стресот може да биде причинител. Сите системи и органи можат да бидат погодени од стресот, но сè тргнува од нарушувањето на нашиот вегетативен нервен систем (дел од нервниот систем кој функционира без свесно влијание, а кој ја регулира работата на жлездите, срцето, крвните садови, органите за варење).
Овие нарушувања предизвикуваат промена во функционирањето на ендокриниот и имуниот систем и на тој начин придвижуваат една каскадна реакција на сите останати органи. Меѓу најчестите психосоматски нарушувања се хипертензија, чир на дванаесетпалачно црево, нарушување на работата на штитната жлезда, сè она што нашите луѓе велат дека настануваат на „нервна база“ – објаснува психотерапевтот.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.