Ти

 

Со милозвучни зборови нацртај линии

Во нив, нафрлај бои со погледот

Гласот, нека им вдахне живот

Не запирај, дури и ако те гази времето

Помини го и насмевни се

Како да пред тебе, сјае сè

Нека мисли дека ти зависиш од него

Подари некому време, мал дел од него

Од твојата слика нацртана

Од твојот ден обоен

Со боите на среќата

Верувај,

Утрешнината има план за тебе

Бидејќи токму ти си битен

Во универзумот шаренолик…

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?