две пеперутки
ни влетаа в градина превртувајќи се во воздухот
поради што ни се видоа како цело јато
толку сум тажен
небаре утре ќе се умира
Препев: Тања Урошевиќ
Алексеј Аљохин
Авторот е еден од творците и истакнати автори на рускиот слободен стих, а исто така и автор на голем број написи и есеи за проблемите на современата руска поезија.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.