Детско катче Литература Приказни за деца

Планини – Ванчо Полазаревски

Планините растат покрај градови и села. Кога е топло тие држат сенка дебела.
Некои планини се со дупки цели. Тоа се планини богати со тунели. Има и планини соголени и без дрвја…мошне прости. Тие воопшто не сакаат гости. Но затоа пак таквите планини страдаат од лавини. Мене да ме прашате, јас повеќе сакам планини со гумени дрвја и гранки. Душа си дале за безбедно возење со скии и санки.
Оние повисоките планини, што се остри како жилет… Тие се специјални за алпинисти, поретко за обичен свет. Повеќето планини со снегот се рода.
Таквите планини се уживанција за санкање и скијање – постојано се во мода.
Треба да се знае и тоа дека планините од сите видови се први братучеди со нежните ридови. Важно е и тоа што секоја планина има убавина, убавина со максимална доза… за да може, нормално, да ја впие таа грозна градска нервоза.
Само… заради тие човечки бесови, и планините почнаа да страдаат од стресови!
(извадок од збирката„Ноќ и ден)

Автор: Ванчо Полазаревски

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје