Skip to content

Ноќта – Ацо Шопов

Ноќта

I
Со лажна убавина ги обвива предметите
и им дава облик на вистинско збивање.
Ги измамува луѓето…и само со поетите
има допир силен ко најприсно сливање.

Сал нив им ги отвора широко зениците
топли од сонувања за дни недоносени,
меѓу сите пределги ги брше границите…
Затоа поетите гледаат занесени.

II
Ноќта е зборав, заборавот успивање,
кога сите мисли на праг ги оставаме.
Денот клика возбудено: памети ме, памети ме,
ко пролетни води твое сум разливање,
а ноќта: полека сè да заборавиме.

Ацо Шопов

Напишете коментар