Skip to content

Кокиче

Небото станало бело

Како чиста солза на младо кокиче

Кое се скрило зад

Последните кристали слана

И не дозволува да го скинат

Се исплашило од воздишките на луѓето

Го сокрило универзумот

И не оставило сами

Да лутаме во сопствените мисли

Таму да се најдеме

И она што сме го барале

На небото

За да го најдеме во срцето.

Таму се спознава сѐ,

Сѐ она што го нема.

Таму се сочувани

Сите воздишки,

Сите скршени погледи,

Сите лутања кои немаат крај

Сите лаковерности,

Сите сомнителности,

Сите бестрашни храбрости,

Сите љубови и разделби

Сите отчукувања на времето

Кое поминало и не се

Враќа никогаш за жал.

Напишете коментар