Skip to content

Последната бонбониера – Менче Кадинец

  • by

Не биди тажна
ако ликот не ми го гледаш
ако не можам да те погалам,
ако мечтите не можам да ти ги подржам.
Држи си ја среќата,
ако ти е среќа во твоите раце,
живеј си, радувај сe,
секој момент да ти биде весел
горд.
Не дозволувај
душата да ти клапне,
да ти се пеплоса.
И не заборавај
Господ животот
ти го подари, цени си го.
Сакај се самата себе
најмногу,
сакај си ја душата,
сакај го денот
биди насмеана
биди горда.
Јас секогаш ќе бидам до тебе
ќе ме најдеш
ако ти требам
ќе ти бидам потпора
сјај, што не згаснува
Не тагувај
еве да каснеме
од нашата последна
бонбониера,
барем со неа благост
ќе си внесеме,
земи го чоколадото
од срце и ѕвезда,
а јас од надеж
и душа.
И не тагувај мила.

Напишете коментар