Да знаев дека тоа е последен пат повеќе ќе ти ги бакнував рацете.
Да знаев дека тоа е последен пат помалку ќе плачев, да не бидеш тажна дека ме оставаш сама.
Да знаев дека тоа е последен пат подолго ќе останев покрај тебе.
Да знаев дека тоа е последен пат уште еднаш ќе ти кажев дека те сакам.
Да знаев дека тоа е последен пат ќе останев со тебе до самиот крај.
Да знаев дека тоа е последен пат ќе те држев за рака додека не си заминеш.
Да знаев дека тоа е последен пат сѐ ќе направев поинаку.
Александра Стојановска