Тргнав длабоко низ дубрава
На мене, само т’нка кошула ленена
Сл’нце грејт чекорите
При шалвари бојни, завидува сетне
Оттаму надѕира душата на дубрава
Итам по неа, итам за неа
Итам за прочистение на акалот
Роб, кој постанал на животов
Оддот овоземски не беше
Белези на почва не остава
Лебдам, налик Техти биднав
А таа, в’ ајта облечена умува
Ме прекорува за фуријата
Која ја донесов при коријата
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.