Среќата е чувство кое го носиме со себе и не треба да го побараме подалеку од себеси. Што рекле за среќата големите умови низ историјата? Нешто што веќе ни е познато, но вреди да се потсетиме. Прочитајте ги во продолжение следниве мудрости за среќата!
1. „Чудно е колку малку е потребно да бидеме среќни, и уште почудно: колку често токму тоа малку ни недостасува!“ – Иво Андриќ
2. „Вистинската тајна на среќата е во тоа многу да бараме од себеси, а малку од другите“. – Алберт Гињон
3. „Последната скала на злата среќа воедно е прва за добрата среќа“. – Карло Доси
4. „Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно! Ако се чувствува слободна, со задоволство ќе ти остане во раката“. – Фридрих Хебел
5. „Како луѓето можеме да ги направиме среќни ако не ги направиме морални и мудри?“ – Кант
6. „Не отпуштај ја стрелата која не се враќа! Лесно е да се разурне среќата, а многу е тешко да се врати“. – Хедер
7. „Среќата е содржана во карактерот на човекот“. – Махабхарата
8. „Среќен е човекот кој со задоволство се пронаоѓа во будењето, се препознава таков каков што сака да биде“. – Валери
9. „Што е среќата? Да се знае да се сака и страсно да се покажува тоа“. – Фелисиен Марко
10. „Го промашив своето занимање и тоа животот ми го направи среќен“. – Никола Пашиќ
Прочитајте и за тоа „како да ги запреме негативните мисли“.
Девојка со борбен дух. За неа откажувањето не постои како опција.