Средина на уште еден јулски ден…Мислите пак задлабочени и припратени од звукот на Gene Deer се препелкаат со цитрусната арома од пурава посветена на оној големиот…Хемингвеј, едноставно наречена ,,многу кратка приказна”. Вториот дим се беше вовлекол во усната шуплина кога истиот тој ме потсети на токму таа кратка приказна напишана во 1924-та, сведочејќи за вистинит настан и голема непреболена љубов помеѓу Хемингвеј и Лаз за време на Првата Светска Војна.
,,Велам, пурите и виното се како ,,дамите,, едноставно елегантни, но криејќи слоеви на мистичност. Но… знаат и да ги протресат и треснат виугите само ако се посакуваат стравствено”. Токму затоа ви ја пренесувам приказната доживеана и раскажана од големиот писател во таа далечна година на турбуленции.
Многу кратка приказна
,,Една топла вечер во Падова, тие го однесоа на покривот додека пак тој можеше да погледне над горниот дел од градот. На небото се гледаа птици. По некое време се затемни и се појавија светлата за пребарување. Другите слегоа и ги зедоа шишињата со себе. Тој и Лаз можеа да ги слушнат подолу на балконот. Лаз седна на креветот. Таа беше опуштена и свежа во таа топла ноќ.
Лаз остана на ноќната должност цели три месеци. Тие беа задоволни што ја оставија да им помага. Кога го оперираа, таа го подготви на операционата маса; дур тие правеа шеги за клизми и пријатели. Подпадна под дејството на анестетикот, само за да не изговори нешто во врска тековниот разговор. Откако се крена на патерици, настојуваше да му измери температура, само за да Лаз не’ стане од неговиот кревет. Имаше само неколку пациенти, и на сите им се допаѓаше таа. Додека шеташе по ходниците, тој мислеше само на Лаз.
Пред да се врати на фронтот, тие влегоа во Дуомо и се молеа. Беше пригушено и тивко, а имаше и други луѓе кои се молеа. Одлучија да стапат во брак, но немаше доволно време за јавна црковна објава, и ниту еден од нив немаше извод од матични книги. Тие се чувствуваа како да се во брак, но сакаа сите да знаат за тоа и да го направат тоа за да не можат да го загубат статусот на венчани.
Лаз му напиша многу писма кои никогаш не ги доби по примирјето на крајот од војната. Петнаесетина писма пристигнаа во еден куп подоцна кои ги сортираше според датумите и ги читаше во еден здив. Сите беа во врска со болницата, и колку таа го сакаше и колку беше невозможно да живее без него и колку страшно и недостасуваше ноќе.
По примирјето, тие се согласија дека треба да се врати дома, да најде работа и да може да бидат во брак. Лаз не би му се вратила дома, сè додека не најде добра работа за да би можела да дојде во ЊуЈорк за да ја сретне. Се подразбираше дека нема да пие, и нема да се гледа со пријателите во Америка. Само за да добие работа и да се ожени. Во возот од Падова до Милано почнаа да се караат околу тоа што, таа не сакаше да се врати дома одеднаш. Кога требаше да се збогуваат, во станицата во Милано, тие се бакнаа за збогум, но не завршија со кавгата. Тој се почуствува болен поради разделбата.
Тој замина за Америка со брод од Џенова. Лаз се врати во Пордононе за да отвори болница. Беше осамено и дождливо таму, додека во градот се сместуваше батаљон од Ардити. Живеејќи во тмурно, дождливо гратче во текот на зимата, мајорот на баталјонот почна да ја засакува Лаз. Таа никогаш порано не сретнала Италијанци, притоа решена прати писмо во кое објаснува дека тоа било само афера помеѓу момче и девојка. Таа жалеше и знаеше дека тој веројатно нема да може да ја разбере, но може некој ден да и прости и да и биде благодарен, очекувајќи го апсолутно неочекувано, да стапи во брак на пролет. Таа го сакаше како и секогаш, но сфати дека сега станува збор само за љубов помеѓу момче и девојче. Таа се надеваше дека ќе има одлична кариера и веруваше во него апсолутно. Знаеше дека така е најдобро.
Мајорот не се ожени со неа на пролет ниту во кое било друго време. Лаз никогаш не доби одговор на писмото испратено до Чикаго. Тој пак кратко време по разделбата на Лаз и мајорот, доби гонореа од девојка вработена во трговски додека се возеа во такси.”
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.