Стојан Тарапуза е македонски поет кој пишува исклучиво поезија за возрасни и деца. Добитник е на многу награди и признанија.
Ја издвојуваме песната „Детето е жива слика“ од неговата збирка за деца „Сон на тркала“.
Детето е жива слика
Детето е цвет што грее
јасно небо што се смее,
бело сонце со два жара,
виножито ден што шара.
Детето е изгрев бликнат,
копнеж врел во разден никнат,
глас што ѕвони, збор што крили,
детето е пролет в жили.
Детето е ѕвезда сјајна,
Цветно крило, желба знајна,
Врело усте, нежна лика,
детето е жива слика!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.