Си било едно Едно
И сретнало друго Едно
И станале две.
За рака се фатиле
И братски се упатиле
По овој свет!
И така оделе
Очи кај што воделе
По светов
И негде под некој рид
Сретнале Едно трето
И станале три!
Едно
И Едно
И Едно
Не се разделиле,
Сретнале четврто Едно
И се развеселиле.
Сега Малиот
Домалиот,
Средниот
И Показалецот
Пошле да го најдат и Палецот.
И навистина
Како што е ред
Сретнале уште Едно
И станале пет!
И веќе нема што да се расправаме
На песнава точка и ставаме!
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.