Не умеам да пијам, но сум пијан често
Од љубовта кон сѐ, кон тебе и светот
Чекорам пратејќи ја месечината
Таа пак кутрата, преколнува да застанам
За мигот да си поприкажеме како во старите
добри времиња
Не умеам да пијам, но сум пијан често
Од помислата за тебе, кон тебе кон сето
Жарот тлее како последен поглед кон сѐ
Како ѕуница пред крајот на денот
Твојте кара очи, твојте червени усни
Кој ли ги љуби сега таму некаде во светот
Не умеам да пијам, но сум пијан често
Пијан од љубов, пијан од сето
Сетне боемштината го зеде твојто место
ah, Mon vieil amour
Љубител на зборот, надреално пишан и кажан. Кој спокој бара во несекојдневието и природата.