Во класичната грчка митологија, Пандора била првата жена на планетата земја. Зевс му наредил на Хефест, богот на уметноста, да ја создаде првата жена, по што тој ја направил од вода и земја. Боговите и дале многу таленти: Афродита ѝ подарила убавина, Аполон – талент за музика, а Хермес моќ на разубедување. Нејзиното име, Пандора, значи „сè-надарена“.
Кога Прометеј го украл огнот од рајот, Зевс, сакајќи да му се одмазди, му ја претставил Пандора на Епиметеј, братот на Прометеј. Со неа, Пандора носела ќуп што ѝ бил забранет да го отвори. Поттикната од својата природна љубопитност, Пандора ја отворила кутијата-ќуп и сите зла содржани во ќупот одлетале и се прошириле насекаде. Таа побрзала да го затвори капакот, но злата веќе успеале да побегнат од ќупот.
Само едно нешто останало внатре – надежта. Пандора била длабоко натажена поради стореното и уплашена дека ќе мора да се соочи со гневниот Зевс поради неисполнувањето на должноста. Сепак, Зевс не ја казнил. Еден ден, Пандора слушнала глас од внатрешноста на ќупот, како ја повикува. Гласот ја проколнувал повторно да го отвори ќупот. Така и биднало: Пандора го отворила ќупот по вторпат, и ја поправила својата претходна грешка со тоа што му го дала на човештвото најголемиот од сите дарови: Надежта.
Значење на зборот
Првобитниот грчки збор за Пандорината кутија бил зборот pithos, што значи голем и длабок ќуп, понекогаш голем како еден мал човек (се вели дека Диоген некогаш преспал во него). Бил употребуван како склад за чување вино, масло, сено и други залихи. Додека ритуално претставувал сад за чување на пепел на некоја личност по нејзината смрт. Во случајот на Пандора, овој ќуп најверојатно бил направен од глина со намена за складирање на разни работи. Или пак бил направен од бронзен метал како непробоен затвор.
Погрешното толкување на зборот pithos се врзува за хуманистот од XVI век, Еразмо Ротердамски, кој ја превел Хесиодовата приказна за Пандора на латински. Еразмо го превел pithos како pyxis, што значи „кутија“. Оттогаш останал изразот „Пандорина кутија“. Ова погрешно толкување понатаму било продолжено на сликата на Данте Габриел Росети, Пандора.
Прочитајте ја илегендата за Пелистерските очи.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.