Димитар Алачки (69) е познат лекар од Струмица, но познат е и како афористичар, хуморист и поет за деца. Досега има издадено три стихозбирки поезија.
Ви ја преставуваме неговата песна „Чист воздух“.
Чист воздух
Не може веќе да продолжи вака,
Дрвјата и децата си подадоа рака.
Калинките од Валандово
Боровите од Берово
И јаболниците од Ресен
Оддржаа состанок оваа есен.
На состанот се реши
Да ги поканат од Скопје
Јапонските цреши.
На дрвјата и на децата
Заклучокот им е ист,
Воздухот мора
Да биде чист.
Од загадениот воздух
Дрвјата се сушат,
А децата се гушат.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.