Skip to content

Митот за Ахил

Ахил – бил син на Фтискиот крал Пелеј и морската божица Тетида, најголемиот ахајски херој и најголемиот херој од Тројанската војна. Ниту еден од сто илјади Ахајци  не бил еднаков со него во сила, агилност и брзина, ниту во убавина. Судбината му ги дала сите квалитети, освен една, а тоа била среќата. Роден е во брак кој  бил наметнат на неговата мајка, затоа што Зевс  ја омажил за свој интерес со еден смртен човек.

Кога се родил нејзиниот син, Тетида  го ставила во водите на Стикс, реката на подземјето, така што целото тело, освен петата што ја држела со раката, се покрило со невидлив оклоп. Веќе како десетгодишно момче, тој задушил свиња со голи раце и трчал брзо како елен. Тој научил сè што требало да знае на херој во тоа време: да се однесува како маж, да користи оружје, да лечи рани, да свири на лира и да пее.

Пророштво

Тетида  знаеше за пророштвото за нејзиниот син и дека тој  ќе се соочи со тежок избор:  дали да има долг живот без слава или краток и славен живот како херој. Иако сакала  да биде славен, како мајка го претпочиташе животот. Меѓутоа, Ахил ја избрал славата.  Бил заљубен во убавата Брисеида, која ја заробил во една од неговите експедиции.

Девет години се борел  на бојното поле под Троја и освоил дваесет и три града во нејзина близина. Со самиот изглед, тој предизвикувал  страв кај Тројанците. Ахајската војска и сите воени водачи го ценеле  како најхрабар и најдобар воин. Тој го убил Хектор, принцот од Троја, во дуел, затоа што претходно го уби својот најдобар пријател Патрокле.

Кога тој сакал да ја пробие Скејската портата во градот, богот Аполон застанал на неговиот  пат. Ахил го повикал да се тргне  од патот бидејќи во спротивно ќе го прободе со копје. Аполон го послушал, но само да му се одмазди подоцна за навредата. Аполон му наредил на Париз, братот на Хектор, да стрела  и да ја насочи стрелата кон Ахиловата пета (неговото единствено ранливо место), со што тој бил убиен.

Дури и ден денес, терминот „Ахилова пета“ се користи за слаба точка на некој човек.

Напишете коментар