Skip to content

Созвучја – Шарл Бодлер

Според Шарл Бодлер, само уметниците знаат да го дешифрираат значењето на овие врски што му овозможуваат на човекот да премине од светот на перцепциите во оној на идеите.

Созвучја“ е лирска песна во форма на сонет со обградена рима во 1 и 2 строфа и вкрстена рима во 3 и 4 строфа. Исто така наречена и „Синестезии“, „Созвучја“ ја означува врската помеѓу материјалниот и духовниот свет.

Во оваа лирска песна преовладува природата над човекот. Во првиот катрен поетот ја опишува врската меѓу човекот и природата.
Уште во  првиот стих поетот користи  метафора „Природата е храм“, и тоа со религиозна конотација.

Во втората строфа поетот укажува на конфузијата која постои меѓу човекот и природата.Користи антитези за да создаде уште поголема конфузност (светлина и ноќ).

Природата постојано испраќа сигнали кои човекот мора да ги дешифрира.

Во целиот  текст се истакнува духот на петте сетила:

– вид (гледа, познат изглед, бои)
– слух (одек, звуци)
– допир (мек)
– мирис (парфем, килибар, миск, темјан“)
– вкус (детска кожа)

Уживајте во читањето на оваа убава песна и разбудете ги вашите сетила:

Созвучја

Природата храм е во кој столбови се редат
што се живи и зборови испуштаат матни.
А човекот низ шума е патник
и тие со познати погледи го гледаат.

Како кај звук кој во далечината е роден
Се меша со друг, стопувајќи се со кругот
На светлината и ноќта, така едно в друго
Бои, мириси и звуци наоѓаат одек.

Постојат мириси свежи како детска кожа
Благи како обоа, зелени како поле,
А и други, расипани, богати, што можат

Во бесконечност растеж да имаат волен
Како амбра, миск, темјан, низ кои не се знајни
На духот и сетилата односите сјајни.

Напишете коментар