Нека спијат – Руми
Оние што не ја чувствуваат оваа љубов
 како ги носи како река,
 оние што не ја пијат зората
 како да е чаша изворска вода,
 и што не го вечераат залезот на сонцето,
 оние што не сакаат да се изменат,
 нека спијат…
Оваа љубов го надминува изучувањето на теологијата
 таа стара измама и лицемерие.
 Ако сакаш така да го развиваш својот ум,
 продолжи да спиеш.
Јас од мојот ум се откажав,
 ја распарав облеката и ја фрлив.
 Ако уште не си сосема гол,
 нагрни се со твојата убава наметка од зборови…
 и спиј.
Руми (Два света)

Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.

