До физичка болка – Вукашин Ступар

Го гледам крајот се ближи
еве ако грешам кажи
не сакам да ме сожалуваат
и туку така прегрнуваат
оти немоќни се сите
едно срце скршено
една глетка површно
онака како со сечило
по усниве поминувам
друга не сакам да засакам
но не можам
трчам и бројам
низ лавина болка
никако да се смирам
солзи горчливи
лица натажени
ноќи непроспиени,
разделби бескрајни
а само јас еден
кој чека после сè
дали ќе успеам
се прашувам
дали пак на судбината
ќе ѝ поверувам
или ќе останам
сотрен и полужив
после тебе…

Вукашин Ступар

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!