На почетокот на видеото Бон Џови e во домот каде што е роден и израснат. Toj им се заблагодарува на сите медицински лица, сите кои се на “борбената линија“ и дава поддршка во борбта со вирусот. Им се заблагодарува на неговите фанови и вели дека тој е тука за да ги забавува. Видеото е објавено во април годинава.
Пред истото да биде официјално прикачено на јутјуб, тој комуницираше виртуелно со неговите фанови преку Инстарам.
Ги повикуваше да напишат строфа на песната во нивна верзија.
Откако ги ислушал илјадниците верзии што му пристигнале, тој ги одбра највпечатливите. И потоа сними неколку видеа во кој ги пее строфите заедно со рефренот кое го објави на неговиот официјален Инстаграм профил.
Слушнете ги и видеата во кое ги пее различните верзии од строфите што му ги испратиле фановите
Во првото видео подолу вели дека се обидел најдобро што може да извлече максимум и да биде „зрно светлина“ (во слободен превод) во нечиј ден. Потоа ја соопштува неговата идеја каде ги повикува фановите да ја напишат песната заедно. Тој го пее рефренот и првата строфа, а во втората строфа фановите треба да ја раскажат нивната приказна. Ги повикува да ги искажат емоциите, да кажат низ што поминуваат, да зборуваат за матурата што ќе биде откажана, за чувството на слобода и вели дека “ќе го надминеме и ова“.
Мора да признаеме дека е еден од најкреативните на светската музичка сцена кој успеа бесплатно да ги занимава фановите од домашни услови. Оваа песна ќе остане долго запаметена и слободно може да се нарече химна за 2020-та година.
View this post on Instagram
Прв дел
Втор дел
View this post on Instagram
Трет дел
Погледнете го и официјалниот видео спот за истата песна што излезе неодамна!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.