Ќе воздивнам длабоко
Низ бранот
Кој ми ја милува душата
Тој бран кој тежнее кон младоста
Ќе воздивнам и ќе затворам очи
Та преку нив
Ќе допрам до твоето его
Та преку нив ќе зграбам од твојата гордост
Та преку нив ќе допрам до твоето тело
Та преку сонот ќе стигнам до тебе
Та преку сè ќе се изборам за нас.
Ќе се борам со сите ти ветувам
Низ утре со вчера
Низ вчера со никогаш повеќе
Зашто сонот се сонува еднаш
А се живее секој ден.
Ирена Блажеска