Skip to content

Рецитал на еден од најпознатите ренесансни сонети на Ронсар „Кога ќе бидете навистина стара“

Пјер де Ронсар (1524-1585) е француски поет кој ја предводел поетската група Плејада и напишал многу љубовни сонети. Ви го претставуваме еден од неговите најпознати сонети „Кога ќе бидете навистина стара“.

Овој сонет е дел од неговата збирка сонети „Сонети за Елена“ објавена во 1578 година. Напишан е во александринци е е упатен до Елена де Сургерес. Кога го напишал, Ронсар веќе бил познат поет.
Во овој сонет, Ронсар сака да ја заведе Елена и ѝ укажува дека ќе сноси последици заради тоа што ги одбива неговите удварања.

Присутни се темите за летање на времето, носталгијата и темата carpe diem (односно ја советува да ужива во моментот затоа што за брзо време ќе остари и само ќе и останат убавите сеќавања од младоста кога тој ја опевал нејзината убавина).

Уживајте во рециталот на француски јазик:

 

Напишете коментар