Паѓа ли љубовта во кома? – Виктор Кадинец
Додека ти спиеш, јас сонувам.
 И будејќи те, ја губам силата.
 Ти како црква без верник,
 а јас како верник без црква…
Додека јас спијам, ти сонуваш.
 И будејќи ме, ја губиш силата.
 Ти со молк, кажуваш, со збор, затајуваш,
 а јас со вистина, те замолчувам,
 преседан сум ти.
Тебе ти е потешко од мене.
 Ти се бориш против себе,
 а јас за тебе.
 Паѓа ли љубовта во кома?
Виктор Кадинец


