Тешко и речиси невозможно е да се направат надворешни промени преку ноќ меѓутоа внатрешните промени можат да се случат во секунда. Сите го знаеме она чувство кога во еден миг сме во добро расположение, а потоа преминуваме многу брзо во лошо. Замислете кога би можеле да ја искористите таа моќ за да го промените својот живот во потполност. Вашиот внатрешен свет е целосно под ваша контрола и само вие имате моќ да ги претворите своите искуства во нешто посакувано.
Точно е дека не можете да имате целосна контрола за случувањата кои се одвиваат околу вас, можеби постојат работи во вашиот свет што не можат да се променат. Но вие ја имате целосната контрола и пристап во вашата интерна околина, што за возврат може да ви се најде да ги направите потребните промени во надворешната околина.
Размислете убаво за следниве 10 прашања. Тие можат да ви бидат водич за правење на моментална промена во вашиот начин на размислување. Со промена на размислувањето настануваат првично внатрешните промени, а потоа и надворешните.
1. Што функционира, а што не во мојот живот?
Понекогаш во главата треба да се подредат прашањата во нашиот живот и да се поработи на она што нè измачува. Многу е веројатно дека самите настани не се причина за емоционални нарушувања туку и мислите и чувствата поврзани со нив.
Иако можете да го потрошите времето копајќи по болните работи што треба да ги отпуштите и да се грижите за иднината, овој текст говори за моменталните промени. За одма да ја преземете контролата над животот прашајте се: што функционира, а што не? Направете анализа. Одговорите нека ви бидат насока за понатамошни чекори.
2. Кои се првите чекори?
Погледнете ја анализата за “работите кои не функционираа“, каква мала промена можете да направите за нешто што не функционира да може да биде функционално? Нека биде тоа нешто мало, нешто едноставно.
Ако не можете да се сетите на ништо, можеби нема смисла ни да се грижите за истото. Секое патување почнете го со еден чекор, а како што ќе се движите напред, на крај ќе почнете да го менувате својот живот. Започнете денес без оглед колку мал чекор ќе преземете.
3. Како да се донесе одлука?
Време е да донесете одлука. Понекогаш размислувањето за нешто може да нè држи заглавни и да создаде енергетски блокови кои нè спречуваат да тргнеме напред. Направете анализа на предностите и недостатоците, време е да престанете да се плашите и да чувствувате страв кој е преувеличен. Одлучете дека денес конечно ќе го одберете патот по кој ќе тргнете. Секогаш можете да промените мислење, но засега верувајте во својата одлука.
4. Дали се чувствувате исполнети во секојдневниот живот?
Ако одговорот е не, денес имате можност тоа да го промените. Размислете за една работа која ви носи среќа, една работа која саката да ја правите. Сега дозволете си себеси да го правите тоа денес. Престанете со изговорите и одвојте време да направите нешто што сакате. Обидете се да вклучите повеќе ваши страсти во својот секојдневен живот. Така денот ќе ви биде поисполнет и ќе го поминувате во уживање.
5. Дали имате сон кој често го одлагате?
Време е и тоа да го започнете сега. Кога ги одлагаме нашите сонови не само што се чувствувате нецелосни туку на крај и се каеме. Денес одлучете дека ќе ги следите своите сонови и цели. Почнете со малите нешта, направете еден мал чекор денес и гледајте како се случуваат животни промени. Тие нема да дојдат преку ноќ. За да се остварат соништата потребна е секојдневна работа на нив.
6. Дали денес направивте нешто ново?
Излегувањето од комфор зоната може да ви отвори свет полн со можности, т.е. да ве одведе до места за кои не сте ни сонувале. Никогаш нема да знаете што можете да пронајдете или кого можете да запознаете.
7. Дали обрнавте внимание на вашите чувства?
Дали задржувате лутина или незадоволство? Дали си дозволувате да ги отпуштите негативните емоции и да ги исчистите својот дух и ум од сè што не ви е од полза? Обидете се да усвоите позитивен поглед или да го промените начинот на размислување.
Ако секогаш наидувате на препреки во обидете да дојдете до решение, можеби е време за промена на внатрешните мисли. Кога ќе ги насочите своите мисли на нешто позитивно вообичаено следува надворешна промена. Запомнете дека да се мисли позитивно или негативно е наш избор. Што ќе одберете?
8. Дали вашето тело го доживувате како ваш храм?
Вашето физичко тело е одраз на вашиот внатрешен свет. Ако се чувствувате уморно и летаргично тоа значи дека дошло време да ги промените своите навики. Почнете да се храните поздраво и ќе видете како со воведување минимални промени ќе видите промени во расположението и нивото на енергија. Вклучете и физичка активност, вежбање од барем десет минути во денот, важно е дека сте се потрудиле, макар било тоа и краткотрајно. Важно е дека сакате да правите минимални промени.
9. Дали бевте благодарни денес?
Погледнете околу себе, сигурно ќе пронајдете нешто на кое можете да бидете благодарни. Денес е точно време да му се заблагодарите на светот околу вас. Можете да бидете благодарни за сонцето, за дождот, за своето семејство, домот, и уште многу работи.
Кога ќе чувствувате благодарност за она што го имате, автоматски добивате повеќе. Одвојте еден миг и вистинските забележете ја убавината околу себе и сè на кое можете да бидете благодарни. И тмурните денови знаат да бидат убави, ако знаеме да бидеме благодарни за нив.
10. Дали денес се сакавте себе?
Најважна алатка со која можете да го менувате својот живот е да се научите да се сакате себе. На крајот од денот сè што ви останува сте вие сами, така што на прво место е љубовта кон себе. Денес направете свесен труд и сакајте се себе. Без оглед на тоа што се случува во вашиот живот одвојте еден миг за да си простите и да се сакате себе.
Прочитајте и дознајте која е “мислата што прави чуда“ според францускиот психолог Емил Куе!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.