Skip to content

Мисла што прави чуда доколку се кажува три пати на ден според францускиот психолог Емил Куе

Емил Куе бил француски психолог и фармацевт, творец на популарна метода на психотерапија и усовршување базирана на оптимиситична автосугестија. Во една болница во Париз каде што работел спровел експеримент со своите пациенти. На сопствена одговорност им препишал “терапија“ од 3 пати на ден да изговараат една реченица.
Таа гласела: “Секој ден се чувствувам сè подобро и подобро.“

Психологот им нагласил на пациентите дека оваа реченица не треба да ја повторуваат туку така, механички, туку колку што е можно поведро и попозитивно. Месец дена подоцна пациентите на овој славен психолог станале главна тема во болницата. Но и во цела Франција.

Тешко болните пациенти закрепнувале во рок од еден месец, а на некои не им била потребна ниту хируршка интервенција. Имено, со ова е потврдена тезата на големиот филозоф од античка Грција, Парацелзус кој тврдел дека вербата прави чуда.

Нашето здравје е продукт на нашите мисли, неизбежно е да постои директна врска помеѓу менталната и физичката состојба кај луѓето. Исто така еден од најважните психолошки знаци е вербално искажување љубов, емпатија и воодушевување. Тоа дополнително ја зајакнува животната енергија кон личноста кон која се упатени овие вербални искази. Злобните и лоши зборови драстично ја намалуваат животната енергија на тие што ги слушаат.

Вкупниот број болести кои се поврзани со лоши мисли продолжува да расте со голема брзина. За поефикасно да ги тргнеме од себе, мораме да се придржуваме до еден совет од древните мудреци: “Уживајте во животот без оглед на тоа колку изгледа тежок.“

Заклучуваме дека нашето здравје е продукт на нашите мисли.

Прочитајте ја и дознајте кои се отровните мисли што ја саботираат вашата среќа!

Напишете коментар