Ти сонувачу уморен
во четири ѕидови
затворен…
барај го сонцето
иако се крие
не дозволувај
тага да те обвие
и сите овие
тегоби и страдања
судбината на лулка
те клати и нема милост
и добрина да сториш
нема ништо да повратиш
оти без насмевка во очите
ништо немаш постигнато
дното е пекол
но бори се, труди се
полека и сигурно
ќе закрепнеш
од канџите
остриците
на грабливката
која душа ти распара
а нема повеќе надеж
да се побара…
само мисла
да те стави во умисла
за успех да постигнеш
еден ден…следен…
и сам нема
да се препознаеш.