Skip to content

Дневник на душата

Не е лесно да се чита
она што душата
длабоко во себе го впива
и што толку внимателно го сокрила.
Уште потешко е да се напише
вистински збор што ослободува,
спојува или раздвојува.

Во дневникот на душата
спијат сите тајни
од едно човечко битие,
врежани се како
никогаш испратени писма
напишани со крв
наместо мастило.

Кога зборовите стануваат бол
а тишината гласен гостин во собата,
држејќи го перото со трепетлива рака
ги исполнуваме страниците
од сопствениот роман.

Тој е песна на нашата душа
гласник кој ни свири нас познати ноти,
филм премотуван во доцни саати.
Тој е личен печат,
бележник на минатото, тих сведок
дека некогаш некој, тука бил, тука живеел.

Н.Н

Напишете коментар