Монасите живеат во тишина, тие по сопствена волја и по Божjи благослов стапиле во манастир.
Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога црквата била во искушение било од византиските цареви или од други, монасите се јавуваат како бескомпромисни борци и голем од нив и маченички пострадале. Еден монах го прашале: Која е најретка вештина? Која е најтешка вештина? Кој е знак за добри дела? Која особа е мртва во животот?
Прочитајте ги во продолжение неговите кратки одговори.
Која е најретка вештина? – Способност за давање.
Која е најдобра вештина? – Способност за опростување.
Која е најтешка вештина? – Способност за молчење.
Која е најважна вештина? – Способност за прашување.
Која вештина е најпотребна? – Способност за слушање.
Која е најнеудобна навика? – Суетност.
Која е најштетна навика? – Брбливост.
Која особа е најсилна? – Таа која е во состојба да ја разбере Вистината.
Која особа е најслаба? – Таа која себеси се смета за силна.
Која особа е најпаметна? – Онаа која бдее над своето срце.
Која е најопасна зависност? – Зависност за своето тело.
Која особа е најсиромашна? – Онаа која најмногу ги сака парите.
Која особа е најблиску до Бога? – Милостивата.
Како да се спротивставиме на катастрофа? – Со радост.
Како да се спротивставиме на тагата? – Со трпение.
Кој е знак за здрава душа? – Вербата.
Кој е знак за болна душа? – Безнадежност.
Кој е знак за погрешно постапување? – Незадоволство.
Кој е знак за добри дела? – Мир во душата.
Која особа е мртва во животот? – Рамнодушната.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.