На почетокот сите беа во рајот.
Па уби некој во некого нешто,
па тој во друг,
другиот во друг.
Сите веќе личеа еден на друг.
Така и во тебе убил некој нешто,
па го фрлил како бакнеж во обид.
Па кругот се зголемуваше.
Секој во некого убиваше нешто.
Како вирус на сеедно, небитно.
И после се бориш со вирусот,
сѐ додека некој не убие нешто во тебе.
Па убиваш ти, во некого нешто.
Како пандемија на болна тишина,
која те лечи со болка,
спакувана во превезот на добрината.
На крај.
Губи светот.
Поколенијата ќе нема да научаат од кого,
да љубат.
А ние виновни ќе сме,
бидејќи сме заборавиле.
Стана ли човекот, робот.
Виктор Кадинец