Сите мислеа дека во неговото срце има тага, осаменост, недостиг…Но не ја гледаа љубовта, толку голема, невидлива… оти само за една душа беше…неспокојна…што вечно заминува…а бескрајно се бара и посакува…копнее…и не беше важно нивното мислење, тој беше пресреќен кога низ насмевка ќе ги залаже сите, дека е добро. Не му беа потребни нивните сожалувања, бидејќи не се добиени од вистинската личност…неговиот предизвик, сопатник…со кој преживеа толку многу за цел живот…и напротив може да опстане и илјада пати пак да биде повреден….нивните спомени ги врзуваа и тогаш кога мислеа дека се најдалечни….а секогаш во мислите беа блиски…
Затоа што некои видови на љубов содржат големи дози на невозможност, затоа што сѐ не се оставарува? Зарем не?! И треба да ги оставиме како такви, да не ги допираме, затоа што се силни…и со нив само страдаме…но некои не прават издржливи и имуни….и тогаш кога мислиме дека губиме….веќе сме ги преживеале…некои нешта се до нас и кога не се….ете тоа е СУДБИНА и нема друга причина….и да се бориме….никој против неа не може….залудно е секое обидување…
Вукашин Ступар