На тебе често помислувам
Кога низ темните улици минувам,
На нашите спомени често се навраќам,
Кога на крајот од денот сама останувам
Знаеш најдраг мој,
Никој не ми кажал дека е толку тешко,
Да заборавиш човек
Кој некогаш ти бил сè на светот.
Но ете јас се навикнав,
На тие ноќи студени ,
На тие солзи пролеани
На таа тага и темнина што мене ме обзема,
На мојов живот кој без никаква вредност станува.
Откако ти ми замина.
Марија Стојановска