Во процесот на созревање ние сме во постојана „мешавина“ предизвикана од нашите емоции, мисли, постапки, желби, потреби. Во еден период од животот сфаќаме дека контролата на мислите е многу важна. Но некогаш знаеме да ја изгубиме таа контрола во потрагата по среќа, поубав начин на живот и слично. Во овој текст ќе ви презентираме 8 начини за враќање на контролата над себе. Под контрола се подразбира ускалденост помеѓу менталниот и физичкиот аспект од живеењето.
1. Бидете многу селективни при изброот на медиуми што ќе ги следите
Постојат луѓе во делови од светот чијшто цел се состои во работата да следат обрасци на однесувања, да собираат податоци и да ги проучуваат вашите навики за да ве насочат кон купување на производи од фирмите кои ги вработуваат. Тие ќе ја препознаат вашта наклонетост и ќе ја распламтат вашата склоност кон купување. Потоа ќе ви сервираат реклама по реклама од производот без размислување за последиците сè додека не попуштите и прифатите.
Ова е еден облик на контрола на умот која се практицира речиси секој ден. Тоа е манипулативен и создаден да биде таков. Мората да ја вратите назад контрола од тие супер богати мега-корпорации така што ќе донесувате сопствени здрави одлуки кои ги поддржуваат вашите желби и развој на вашата локална заедница. Меидумите имаат улога да ве натераат да се соживеете со измислени приказни преку филмови, серии и ТВ програми генерално за да го одвлечат вниманието од вашиот сопствен живот. (Не е лошо гледањето филмови и серии, но важна е селекцијата што се прави при изборот што да се гледа).
2. Имајте здрави дневни ритуали
Дневните ритуали се најдобар начин за враќање на контролата врз умот во вашата сопственост која постои. Како ќе одлучите да го програмирате вашиот ден од утро до мрак е целосно ваш избор. Сетете се дека фирмите кои сакаат да продадат некој производ на секој чекор се обидуваат да се инфилтрираат во вашите дневните ритуали. Постојат безброј програми поддршке и корисни субјекти кои сакаат да ви помогнат да го подобрите својот стил на живеење, само бидете селективни во изборот што го пуштате „внатре“.
Вашето време, простор и дела се светост, а вашите секојдневни ритуали се ваша прилика да се вреднувате себе и својот живот. Донесувајте позитивни одлуки и знајте дека доследноста е клучна кога е во прашање враќање на контролата над себе (својот ум).
3. Занимавајте се со телесни вежби и запознајте го своето тело
Дали знаевте дека научно е докажано дека телесните фежби ги прават луѓето попаметни? Сите облици на вежбање ги подобруваат когнитивните способности, помагаат повторно да се изгради невроповрзаноста во мозокот и да се спречи дегенерација на умот. Ако сакате да вежбате нема подобар начин да му се посветите на своето тело и да го направете здраво, фит и во форма.
4. Научете како да се фоуксирате без пречки
Искористувајњето на нашата способност за сосредоточување на едно нешто е клучно за контрола над умот. Нашите умови сакаат да “лутаат“ и во тоа лутање често завршуваат на необични места т.е. во “црните дупки“ на интернетот и друштвените медиуми што никогаш не ни било во план. Овде важен момент е правењето на една работа во зададен момент. Бидејќи ако се обидувате да правите повеќе одеднаш тешко би одело пренасочувањето од една на друга активност. Плус тоа не би можеле да вложите максимум труд на секоја поединечна активност.
5. Бирајте каде ќе ја вложувате својата енергија
Луѓето секојдневно слепо вложуваат толку енергија во нешта кои не ги сакаат. Инвестирајте ја својата енергија многу позитивно и потрудете се секој ден да ви биде насочена кон она што го сакате за себе, својот живот, своите односи и својата околина. Ако се пронајдете длабоко затрупани во вложување на својата енергија во нешто што не го сакате само запрашајте се кои се следните чекори што треба да се направат за да се извлечте од тоа.
6. Искористете ја силата на перспективата
Нашата перспектива за светот многу ја менува стварноста во која живееме. Околностите немаат пропишани одговори. Не морате да ја темилите вашата реакција на она што ви се случува врз основа на пропишаните обрасци на реагирање. Преземањето контрола над својот ум подразбира целосно спознавање дека нашите одговори и реакции се наша одговорност. Со неколку зборови: ние сами ја креираме нашата реалност.
7. Совладајте некоја вештина
Почнете да учите, да создавате и тренирате нешто што навистина ве инспирира. Социолошките истражувања на Малком Гладвел говорат дека потребни ни се во просек 10 илјади часови пракса за да ја совладаме некоја вештина. Тоа се многу часови поминати во практицирање контрола над нашите мисли и фокус. Не постои подобар начин од ослободување на нашите умови од тоа да ги “вработме“ и да ги насочиме кон нешто. Нашите умоци сакаат да слушаат наредби од нашите желби, но без потребниот фокус ние сме под влијание на импулсивни влијанија. Создавајте!
8. Развијте неограничена поврзаност со духовноста
Нашата духовна димензија е наш најголем сојузник на патот кон самоослободување. Ние сме духовни битија која имаат неограничена моќ, но во допир со материјата заборавате на својот изворен идентитет. Нашата поврзаност со духовното ќе влијае на начин кој ќе нè разбуди и ќе ја поддржи нашата еволуција.
Потребно е да се одлучиме каква иднина би сакале да создадеме врз темелот на нашите мисли и дела, а од духовната димензија ќе дојдат и силата, но и благословот кој ќе нè информира и насочи кон највисок исход. Нашата слободна волја е она што е клучно во процесот на враќање на контролата над нашите мисли. Ако паднеме под влијание на живот кој некој друг го креирал за нас намесот ние самите тука е исклучена слободната волја. Затоа вратете ја, а потоа насочете ја кон позитивни исходи и живејте го животот што го посакувате!
Прочитајте и дознајте зошто е зголемена анскиозноста кај студентите!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.