Мандала цртежи се апстрактни цртежи во чијашто основа во принцип е кружница. Дали го знаеме потеклото на мандалите и што претставуваат тие? Мандалата на санскритски значи круг, а претставува симбол на целосност, хармонија или универзум. Цртањето мандала е пракса во рамките на будизмот и хиндуизмот, но лесно може да се пронајде секаде. Сите барем еднаш во животот сме виделе мандала цртеж или пак сме боеле некој таков. Денес кај нас можат да се купат боенки за возрасни кои всушност во нив содржат мандала цртежи.
Мандала цртеж како динамичен симбол
Јунг мандалите ги сметал за симболи на целосност на битието кои ги соединуваат свесното и несвесното, па потребата да се црта мандала е потреба за афирмирање на таа целина. „Мандалата претставува архетипска претстава која со текот на вековите се јавува непрекинато. Таа означува целосност на Сепството. Таа кружна претстава ја изразува целовитоста на психичката основа или искажано со митски зборови, оживеано боженство во човекот“. – Карл Густав Јунг
Мандалата служи за надминување на сите спротивности и поделеност, тоа е динамичен симбол кој одговара на одредена визиија на човекот, како променлило, вечно стремење кое секогаш учи и постанува нешто ново, но го задржува својот центар односно суштината. Таа суштина е единствен начин на кој поединецот непрекинато се менува. Така сите мандали се различни, но јасно препознатливи по доминантниот кружен принцип. Цртањето мандала претставува вечно тежнение кон спознавањето на тоталитетот на светот и себството.
Цртањето мандала е пат кон самопознавање
„Кога почнав да цртам мандали сфатив дека сите стази кои ги следев водат назад до една точка т.е. до средишната точка. Таа е прототип на ситестази. Тоа е стаза која води кон средиштате, кон индивиудалноста“. – Карл Г. Јунг
Ако на исцртувањето на мандалата гледаме како на патувањето, тоа би било бесконечно бидејќи патот кон самоспознавање е бесконечен. Целта не е создавање една убава мандала туку воспоставување себство одново и одново.
Естетската и уметничката вредност на мандалата се смета за споредна во рамките на будизмот и хиндуизмот, но всушност таа е неопходна, таа се подразбира. Симетричното исцртување на мандалата монасите некогаш го учат и неколку години пред да почнат да го користат во ритуалите.
Уметноста на мандалата
Уметноста на мандалата останува надвор од императивот на оригиналност која често се подразбира во креативната работа. Можеби мандалата покажува дека во уметноста можеме да се одлучиме да дадеме повеќе значење на самиот чин на создавање отколку на резултатот. Вистинската уметност се открива како нешто што е над категоријата оригиналност. Уметноста на мандалата не истакнува ниедна мандала посебно туку таа живее како сите мандали одеднаш. Уметничката дарба често е сфатена како многу посебен талент, уметникот како генијален поединец, а уметничките дела како завршена конечна целина. Една слика или книга ја твори својата смисла низ сите свои делови и не може да ѝ се додаде или одземе некој елемент. Мандалата е нешто коешто својата смисла и целосност ја остварува низ постојано повторување и низ универзалноста
Човекот во центар на светот
„Во перспектива на архаичните општества сè она што не е наш свет уште не е свет, извесна територија ќе стане по својот тек затоа што се создава одново т.е. бидејќи се сакрализира“. – Мирча Елијаде
Со исцртување (но и само со боење) мандали човекот го хармонизира хаосот, го имитира самиот чин на создавање на свеетот и воспоставува еден нов и уреден свет. Мандалата заедно со храмовите, крстот, светите планини или дрва претставува центар на светот. Тоа е место кое наоѓа просторна димензија, она што не е географски туку духовен простор. Со цртањето манадли се сакрализира просторот и се овозможува комуникација со надворешното (од другата страна). Се поставува прашањето дали тогаш се слејуваме со еден дел од себе или можеби со нешто колективно, со самата природа, душата на светот или со сè наеднаш?
Прочитајте и дознајте кои се придобивките од плетењето според невролозите.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.