Цртаните на Дизни се поврзуваат со уживање и среќа, тие исто така се познати по тоа што предизвикуваат бурни емоции кај гледачите, без разлика на нивната возраст. Тоа се оние моќни мигови што ги прават овие цртани различни од останатите.
Ние издвоивме три сцени од црнаните на Дизни кои никого не оставаат рамногушен.
Највознемирувачкиот момент во „Дамбо“ се случува кога истоимениот лик ја посетува мајка си
“Дамбо“ раскажува приказна за слон од циркуз, чии невообичаено големи уши го прават предмет на потсмев и од колегите животни и од луѓето во циркузот.
Иако целиот цртан филм е исполнет со непријатно тажни моменти, вклучувајќи ја и сцената кога го шминкаат и облекуваат малиот Дамбо како кловн и го прикажуваат пред народот, понижувајќи го, најтажната сцена се случува кога малиот Дамбо ја посетува мајка си, откако таа е заклучена во кочија која треба да ја пренесе во друг објект.
Бидејќи мајката е врзана со окови, невозможно е да се приближи доволно близу до прозорецот за последен пат да го види своето младенче. Наместо тоа, таа посега со својата сурла по малиот Дамбо и го лула на истата. Дамбо ужива во овие мигови, знаејќи дека тоа е последен пат кога мајка му го успива.
Како тоа да не е доволно тажно, на сцена се покажуваат други животни-мајки како го успиваат своите младенчиња под месечината.
Незаборавната сцена за збогување од „Лисицата и песот“
„Лисицата и песот“ е приказна која го следи пријателството на Тод и Копер, лисица и куче-ловец. Тие се добри пријатели додека се млади, но се оддалечуваат како возрасни, откако ќе сфатат дека нивните стопани се непријатели.
Тод се бори да го разбере ова и неговата решителност да остане пријател со Копер го доведува во многу проблеми. Во еден момент, сопственикот на песот Копер, се лути толку многу на лисицата Тод што почнува да ја брка со пиштол.
Ова ја тера вдовицата Твид, сопственик на лисицата да го пушти Тод во дивината да се грижи сам за себе.
Вознемирувачката сцена што следи прикажува една кутра лисица, како седи сама во шумата, додека гледа како нејзиниот сопственик се оддалечува, несвесна за фактот дека е напуштена.
Една од најемотивните сцени се случува во „Кралот лав“
Овој цртан ја раскажува приказната за лавот по име Симба, кој е следен во редот за тронот на неговиот татко Муфаса. Додека младенчето се подготвува за својата улога на следен крал, неговиот чичко Скар, планира да се ослободи од двајцата и да го заземе кралството за себе.
Откако ќе го вовлече Симба во опасно стампедо во тежок терен, Скар го поведува и Муфаса во стапица. Иако Муфаса го одведува Симба на сигурно, тој се бори да се искачи на карпа за да се спаси себеси и го моли својот брат за помош.
Наместо да му помогне, безмилосниот Скар го фрла Симба во стампедото. Откако прашината ќе се расчисти, Симба брза кон безживотното тело на својот татко. Малиот лав моли за помош, но веќе е доцна. Кралот е мртов.
Како тоа да не е доволно, Скар му кажува на Симба дека тој е виновен за смртта на неговиот татко. Симба плаче и се тутка под шепата на својот татко. Скар пак се појавува и му кажува на Симба дека ако не бил тој, Муфаса сега би бил жив. Потоа Симба се обвинува себеси и исчензува од кралството.
Прочитајте и за „Hair love”, краток анимиран филм, закитен со оскар.
Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно романтична.