Во срцево ечи дамар
За таа пуста Битола
За тие тесни сокаци
За тие дворој големи
За тие липи мирисни.
Кој ли пат да заодам
За да си видам елата
Која на зима цутеше?
Кој ли пат да заодам
Да си видам булките
Што на лето мирисаа?
Каде ли се очите
Кои низ солзи светеа?
Каде ли се тревите
Што на камилица мирисаа?
Кој ли ќе ми се насмее
Наутро кога ќе се разбудам?
Дали ќе го здогледам
Врвот на Баба побелен?
Кога ли ќе се видиме
Со либето под тие
Мразни ќепенци?
Кога ли, кога ли
Под пенџер затскриен
Ќе ми дојде приквечер
Серенада да ми запее?
Нит мразот не стигнал
Нит зима не дошла
Никој не знае
Дали патот ќе се
Отвори до
Града Битола.
Патот е сега пресечен.
Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта.