На крајот од годината големите компании знаат да направат интересни реклами на тема – Божиќни празници. Најдобар и најпознат пример во светот за реклами од ваков вид се рекламите на „Кока кола“. Годинава имаме можност да ја видиме рекламата која ја подготвил цел тим што стои зад „Дизни“.
Во времетраење од 3 минути оваа анамирана реклама со наслов: „Од нашето, до вашето семејство“ ќе ве разнежни.
Приказната го следи малечкото девојче Лола која во 1940 г. добива плишана играчка Мики Маус, па потоа во 2005 г. Лола станува баба. Лола ѝ ја дава плишаната играча Мики Маус на својата внука и ја споделуваат традицијата која вклучува правење првилечни ѕвезди.
Како што минуваат годините едното уше на играчката се кине, внуката на Лола пораснува и покажува помал интерес за нивната традиција. Осамена и разочарана останува дома додека внуката вечерно излегува и гледаме дека Лола се откажува од традицијата. Откако внуката ќе се врати ќе го забележи скинатото уше на плишаната играчка и ќе го сфати значењето на правење спомени со членовите на семејството. Внуката на Лола наоѓа начин да ја врати назад традицијата и погледнете на каков начин го прави тоа.
Погледнете ја!
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.