Генијалците никогаш не би биле тоа што се ако не се разликуваат од останатите просечни луѓе. Генијалните луѓе функционираат такаречено на некоја своја “бранова должина“, така што тие во очите на многу нормални луѓе стануваат несфатени, обратни и бизарни. Писателот Мејсон Кјури во книгата „Дневни ритуали“ издвоил некои познати личности кои имале свои бизарни ритуали односно рутини. Прочитајте ги во продолжение.
Александар Греам Бел, пронаоѓачот на телефонот спиел само три часа дневн. Тој тврдел дека понекогаш имал толку идеи во главата што апсолутно ништо не можелпо да го оттргне од размислување.
Алберт Ајнштајн еден од најголемите генијалци живеел повлечено. Секогаш имал долга коса бидејќи не сакал да оди да ја крати. Чорапите ги сметал за непотребни и никогаш не ги носел.
Поетесата Едит Ситвел денот го започнувала со лежење во ковчег бидејќи наводно тоа ја инспирирало да ги пишува своите помалку морбидни стихови. Обожавала да спие затоа изјавила дека секоја жена еден ден во неделата треба да го поминува во кревет.
Најголемите умови во светот
Писателот Виктор Иго секое утро јадел по две свежи јајца и се капел во студена вода. Исто така, секојдневно одел на бербер.
Пионерот на џезот Луис Армстронг секогаш два часа порано доаѓал на концерт. Додека останатите пиеле алкохол да се опуштат, Армстронг повеќе сакал да пуши марихуана.
На Чарлс Дикинсон несомнено е дека неговата днева рутина му помогнала да напише 15 романи. Работниот стол секогаш му бил внимателно распореден: на него секогаш се наоѓала мала вазна со свежо цвеќе, голем нож за отварање писма, брош во облик на позлатен лист на кој се наоѓал зајак и две бронзени фигури во вид на жаба кои ги мавтале мечевите во двобој.
Бизарни психолошки експерименти кои поминале лошо
Американскиот композитор Џорџ Гершвин бил работохолик, а своите дела ги создавал седејќи зад клавирот во пижами и во куќната наметка. Неговиот брат Ира тврди дека Џорџ никогаш не бил опуштен, секогаш морал нешто да работи.
Агата Кристи една од најпопуларни писателки на крими романи воошто немала работна маса туку своите дела ги пишувала каде што ќе стигне.„ Мермерната масичка во спалната соба беше добро место за пишување како и кујнската маса помеѓу оброците“, изјавила Кристи.
Авторот на „Појадок кај Тифани“ Труман Капоти пишувал во кревет со кафе и цигари. Но само три отпушоци истовремено можеле да бидат во пепелникот, а останатите ги ставал в џеб. Компулсивно собирал разни броеви во главата па така не бирал телефонски број или хотелска соба ако тие броеви ги сметал за несреќни.
Проблеми со несоница, целодневен престој во библиотека
Поетот В.Х Оден никогаш не работел ноќе. „Само светскиот Хитлер работи ноќе, ниеден поштен уметник“, рекол. Исто така, својата ментална енергија ја добивал од амфетамин.
Марк Твен „Таткото на американската книжевност“ имал голем проблем со несоницата, а кога ќе успеел да заспие тоа обично било на подот од купатилото.
Иконата на комунизмот Карл Маркс, престојувал во лондонската библиотека по цели денови, од девет часот наутро до седум навечер кога се затворала установата.
Прочитајте ги и следниве импресионирачки факти за уметноста.
Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов.