5 факти за уметноста што ќе ве импресионираат

Уметноста го прави светот поубаво место. Сетете се и сами колку пати сте биле воодушевени од некоја слика, од литературно дело, од филм или театарска претстава. Многу работи поврзани со уметноста кај нас предизвикуваат восхит, а ние се потрудивме да издвоиме 5 факти кои ќе ве восхитат, зачудат, па некои од нив и ќе ве насмеат.

1. Уметноста била олимписки настан

Олимписките игри не секогаш се поврзуваат со мускули и допинг скандали. Основачот на современите игри, баронот Пиер де Кубертен, бил опседнат со идејата за вистинската Олимпијада да биде настан за талентирани уметници и спортисти. Благодарение на него, помеѓи 1912-та и 1948-та година, медали се доделувале за ремек дела инспирирани од спортот од областа на архитектурата, музиката, цртањето и литературата.

2. Мона Лиза имала сопствено поштенско сандаче во Лувр заради сите љубовни писма кои ги добивала

Низ годините, многумина се вљубувале во извонредниот портрет на Мона Лиза, па испраќале цвеќиња, поеми и секако, љубовни писма. Уметникот Лук Масперо, наводно, го однел овој жар најпрво високо, а потоа ниско. Во 1852-та година скокнал од балконот на хотелот заради: „Со години очајно се справував со нејзнината насмевка. Повеќе сакам да умрам.“. Кој би рекол дека уметноста би можела да биде толку црна?

3. Тркалото на боите им претходи на САД

Со оглед на тоа што САД е една од најстарите модерни демократии, ова е навистина фантастично. Исак Њутн го открил тркалото на боите во 1706-тата година, преку рефлектирањето на сончевата светлина во шест бои. Откритието дека светлината сама од себе рефлектира е радикално, а тркалото се покажало особено корисно за уметниците, кои сега можат лесно го набљудуваат најефективното надополнување на боите.

4. Уметникот Вилард Виган еднаш успеал да го вдиши сопственото дело

Сигунро се прашувате што значи ова? Да се вдиши своето дело? Виган изработувал микро скулптури, толку малечки, што морало да се гледаат преку микроскоп. Додека креирал, Виган требало успешно да си го намали срцебиењето и да работи меѓу пулсирањето. Делото што го видшал било Алиса, од „Алиса во земјата на чудата“. Таа излегла подобра откако била одново направена.

5. Во 2003-та уличниот уметник Банкси го залепил своето дело на ѕидот во Современиот Музеј Тејт.

Шегата била брзно откриена, па неговото дело било уништено со лепак. Но ова не ја спречило неговата слика за неколку часа да стане меѓу најпопуларните, па се нашла обесена во еден од најпознатите светски музеи. Оваа постапка го мотивирала Анджеј Собипеан, полски студент, во 2005-тата година да направи сличен подвиг. По  три дена неговите дела станале дел од колекцијата на Националниот музеј.

Прочитајте и за Куќите – музеи на француските писатели кои треба да ги посетите.

close

Впиши го војот емаил ако сакаш да станеш дел од нашата блог заедница на читатели!